Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед кој остана без менаџер по отказот за Ерик тен Хаг, го насочи вниманието кон тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, открива „Атлетик“. Од „Олд Трафорд“ веќе се поврзале со португалскиот клуб со намера да го ангажираат стручњакот.
Спортинг Лисабон бара отштета од 10 милиони евра, која за Англичаните не би била голем проблем.
Аморим беше еден од потенцијалните кандидати и за менаџер на Ливерпул по заминувањето на Јирген Клоп на крајот од минатата сезона. Тогаш, сепак, тренерот одлучи да остане во Спортинг. Тој го води тимот од Лисабон веќе петта сезона. Досега има освоено две титули и два Купа на Португалија.
Останатите имиња кои медиумите ги споменуваат за нов менаџер на Манчестер Јунајтед се Герет Саутгејт, Един Терзиќ и Томас Франк.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













