
„Златната топка“, најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, за сезоната 2023/24 ќе биде доделена вечерва на церемонија во Париз. Во изборот на УЕФА, „Франс Фудбал“ и на „Л’Екип“, наградата ќе му биде врачена на најдобриот фудбалер во изминатата сезона.
Иако обложувалниците му даваа речиси 70% шанси за освојување, според последните информации Винисиус Жуниор не ја освоил наградата. Прв оваа вест ја шпанскиот „Ел Чирингито“, а потоа ја потврди и Фабрицио Романо. Италијанскиот новинар дури пишува за голем револт во „кралскиот клуб“.
„Винисиус Жуниор нема да ја добие „Златната топка“ и нема да оди во Париз! Никој од Реал нема да биде на церемонијата… Ниту Флорентино Перез, ниту Вини Жуниор, ниту Карло Анчелоти, ниту Џуд Белингам нема да бидат таму, според одлуката на клубот“, пишува Романо.
Според непотврдени извори, новата „Златна топка“ треба да биде шпанскиот играч од средниот ред и играч на Манчестер Сити, Родри. Тој го освои англиското првенство и беше еден од клучните играчи во освојувањето на Европското првенство. Покрај него, главен противкандидат беше Џуд Белингам.
Иако фокусот е на наградата за најдобриот фудбалер на сезоната, на церемонијата ќе бидат доделени и награди за најдобрата фудбалерка, најдобриот голман, најдобриот млад играч, најдобриот тренер на машка екипа и најдобриот тренер на женска екипа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski