Стана јасно кој клуб од Серија А побарал да го врати во професионалниот фудбал легендата на Рома, Франческо Тоти. Италијанското издание „Ла Република“ откри дека намерата на 48-годишниот Тоти да ја обнови својата кариера на фудбалскиот терен е сериозна, а Комо е тимот коj сака да го додаде некогашниот светски шампион со Италија во своите редови.
Тоти неодамна сензационално изјави дека сериозно размислува за враќање во професионалниот фудбал. Последниот натпревар во својата кариера го одигра во 2017 година со дресот на својот роден клуб Рома. За 25 години во Калчото, Тоти никогаш не играл за друг клуб на клупско ниво освен за „волчицата“.
Тренер на Комо моментално е поранешниот играч на Арсенал и Барселона, Шпанецот Цеск Фабрегас.
Новиот клуб во Серија А стапил во контакт со Тоти и му понудиле да се приклучи на тимот до крајот на сезоната, тврди „Ла Република“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













