Ливерпул е подготвен да издвои 70 милиони евра за да го донесе Арда Ѓулер од Реал Мадрид во својот тим за време на летниот трансфер период, известуваат англиските медиуми. Турскиот офанзивец е означен како можна замена за Мохамед Салах (32), кој има договор уште само за оваа сезона.
Ал-Итихад од Саудиска Арабија минатата година му понуди на Ливерпул околу 180 милиони евра за трансфер на Салах. Познато е дека Салах не би имал ништо против нов договор со клубот со кој ги има освоено Премиер – лигата и Лигата на шампионите, но тој сака тригодишен договор, додека Ливерпул не е сигурен дали би потпишал таков долгорочен договор со играч кој веќе има 30 години.
Во клубот се уверени дека ќе се договорат со крилниот напаѓач, кој во 362 натпревари за клубот постигна 219 голови и асистираше за 96, но истовремено бараат соодветно решение доколку работите не одат според планот. Во оваа приказна влегува талентираниот Арда Гулер (21), кој во Реал не добива вистинска шанса, а за кого Ливерпул би бил подготвен да плати 70 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













