Вечерва во Париз ќе биде доделена „Златната топка“, најпрестижната индивидуална награда во фудбалот. На десетина часа пред спектаклот, се чини дека се пробиено информациите околу рангирањето и добитникот.
Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ќе биде лауреат. Според рангирањето, кое се појави онлајн ова утро, Винисиус Жуниор ќе победи со 630 гласови.

По него следува Шпанецот Родри од Манчестер Сити, кој е победник во Премиер – лигата и на Европското првенство, а трета позиција зазема друг претставник на Реал Мадрид, Џуд Белингам.
Сепак, останува и дилемата дали е ова вистинскиот список од рангирањето за „Златната топка“.
Навивачите се изненадени од фактот што европскиот шампион со Реал Мадрид и шпанската репрезентација Дани Карвахал не е во топ 10, а „пензионираниот“ Тони Крос е надвор од првите 12 фудбалери. За сметка на тоа, Дани Олмо е на деветтото место.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













