
Шкендија во дерби – натпреварот на 11 коло во Првата лига во Тетово ќе го пречека актуелниот шампион Струга Трим Лум. Тетовци се фаворити, а дефанзивецот Клисман Цаке смета дека неговиот тим е најдобар во лигата.
„Добрите игри се заслуга на целиот тим, а не само на одбраната, бидејќи добрата одбрана започнува од нападот. Сигурен сум 100% дека сме подобар тим не само од Струга ТЛ, туку и од било кој друг тим во првенството. Но, тоа треба постојано да се потврдува на теренот“, вели дефанзивецот на Шкендија.
На Националната арена „Тодор Проески“ ќе има дуел меѓу Вардар и Работнички. Овие пресметки секогаш биле посебни и предизвикувале внимание не само во метрополата, туку воделе главен збор и во македонскиот фудбал. Овојпат Вардар е домаќин, а Работнички е на лидер на табелата.
Шкупи на Чаир ќе го пречека составот на Тиквеш. И на двата тима им се потребни бодови, а тоа е гаранција за добар натпревар и допадлив фудбал.
Во Кратово, Силекс е фаворит против Беса, но ќе мора тимот на Александар Васоски тоа да го докаже и на теренот.
Гостивар на „Борис Трајковски“ ќе ја пречека Брера и има план да се врати на победите, а во Охрид интересен дуел ќе имаат Воска Спорт и Пелистер.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 11. КОЛО (денеска, 13 часот)
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ
ШКУПИ – ТИКВЕШ
ВОСКА СПОРТ – ПЕЛИСТЕР
ГОСТИВАР – АП БРЕРА
СИЛЕКС – БЕСА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
