Дуелите меѓу Вардар и Работнички секогаш биле посебни и предизвикувале внимание не само во метрополата, туку воделе главен збор и во македонскиот фудбал. Денеска на Националната арена „Тодор Проески“ нова епизода од дерби-пресметките. Овојпат Вардар е домаќин, а Работнички е на лидер на табелата.
Централниот дефанзивец на Вардар, Ненад Мишковски, денеска ќе го одигра стотиот натпревар за Вардар.
„Од првиот ден кога дојдов бев свесен за одговорноста и големината на дресот кој го носам. Горд сум што секогаш сум се борел чесно, давајќи го максимумот за екипата и за навивачите. Особено сум горд на заедничката борба и на тоа што и во најлошите моменти не се предадовме, и што без разлика на се успеавме во намерата. Денеска по 100-ти пат ќе го облечам црвено-црниот дрес на што сум посебно горд. Ги повикувам навивачите да дојдат и да ни дадат поддршка сега кога ни е најпотребна“, изјави Мишковски.
Работнички е на врвот и сака да го задржи со нов триумф. Но, знаат „романтичарите“ дека овие дерби дуели не се добиваат така лесно.
„Знаеме дека нe очекува еден дерби натпревар. Вардар е квалитетен тим, имаме максимален респект кон нив, иако на многу натпревари знаеја лесно да ги загубат бодовите. Но, свесни сме дека воопшто нема да биде лесно. Работевме напорно оваа недела, се подготвувавме и се надеваме дека ќе се радуваме и на утрешниот натпревар“, вели офанзивецот на Работнички, Јамајканецот Кристоџеј Далеј.
Дерби натпревар ќе има и во Тетово каде Шкендија го пречекува актуелниот шампион Струга Трим Лум. Тетовци се фаворити, со оглед на актуелната форма, но сѐ уште добро се сеќаваме како Струга ТЛ го освои Тетово лани, кога беше најпотребно, во битката за титулата.
Шкупи на Чаир ќе го пречека составот на Тиквеш. И на двата тима им се потребни бодови, а тоа е гаранција за добар натпревар и допадлив фудбал.
Гостивар на „Борис Трајковски“ ќе ја пречека Брера и има план да се врати на победите, а во Охрид интересен дуел ќе имаат Воска Спорт и Пелистер.
Во Кратово, Силекс е фаворит против Беса, но ќе мора тимот на Александар Васоски тоа да го докаже и на теренот.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 11. КОЛО (денеска, 13 часот)
ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ
ШКУПИ – ТИКВЕШ
ВОСКА СПОРТ – ПЕЛИСТЕР
ГОСТИВАР – АП БРЕРА
СИЛЕКС – БЕСА
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski