Барселона го совлада Реал Мадрид во Ел Класико со 0-4 во Мадрид, со што се оддалечи шест бодови пред својот најголем ривал по 11 одиграни кола во шпанското првенство.
Покрај победата на теренот, Барса се пошегува со своите ривали и на социјалната мрежа „X“ (поранешен Twitter).
Шегата беше насочена кон дури 12 офсајд позиции, замка во која падна Реал, како резултат на добрата одбранбена игра на Барселона. Само Килијан Мбапе беше фатен во недозволена позиција дури осум пати.
„Офсајд, не е важно кога го читате ова,“ напиша Барселона, со фотографија на помошниот судија кој држи знаме во воздухот и тренерите на двата тима во позадина.
Fuera de juego, da igual cuando leas esto pic.twitter.com/7wmjxbczLi
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) October 26, 2024
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski