
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, најверојатно ќе ја напушти клупата на „граѓаните“ по завршувањето на сезоната поради лични причини, пишува британски „Мирор“.
Тековниот договор на Шпанецот истекува во јуни, а нема јасни знаци дека ќе биде обновен. 53-годишниот тренер го доведе Сити до шест титули во Премиер – лигата, една во Лигата на шампионите, две во ФА Купот и четири во Карабао Купот.
Како што е познато, Фудбалската асоцијација на Англија се обрати до Гвардиола минатото лето, додека бараше замена за Герет Саутгејт, но го избраа Томас Тухел откако не добија одговор од предводникот на Сити.
Кога го прашаа дали повторно бил контактиран за селекторската позиција, Гвардиола го одбегна прашањето.
„Томас Тухел е менаџерот, така што заборавете на тоа. Јас сум менаџер на Манчестер Сити, па разговорите кои ги водам се за Манчестер Сити“, изјави Гвардиола.
Со оглед на заминувањето на неговиот близок пријател и директор на „граѓаните“ Чики Бегиристајн, кој беше клучен за неговото ангажирање на „Етихад“ и со кого соработуваше уште од Барселона, многумина сметаат дека ова би можело да значи крај на исклучително успешниот период на Гвардиола во Манчестер Сити.
Шпанецот ја започна својата деветта сезона како менаџер на „небесно-сините“, што е најдолгиот престој во негова кариера во еден клуб.
Претходно, тој мина само три години во Баерн Минхен и четири во Барселона. По заминувањето на неговиот долгогодишен ривал Јирген Клоп од Ливерпул летово, можно е и за Гвардиола моментот да дојде точно една година подоцна.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
