Connect with us

Ламин Јамал стана најмладиот стрелец во историјата на Ел Класико

Крилото на Барселона, Ламин Јамал, продолжува да испишува историја во дресот на каталонскиот тим. Младиот играч постави уште еден рекорд во големото дерби против Реал Мадрид (0-4).


Тој го постигна третиот гол на натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, со што стана најмладиот стрелец во историјата на Ел Класико.

Јамал го постигна голот на возраст од 17 години и 105 дена, со што го подобри претходното достигнување на Ансу Фати, кој погоди против Реал Мадрид при поразот од 1-3 на „Камп Ноу“ на возраст од 17 години и 359 дена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови