Connect with us

Флик: Го спречивме Реал да оствари нов рекорд? Тоа не ме интересира…

Барселона го декласира Реал Мадрид со 0-4 на „Бернабеу“ во првото Ел Класико оваа сезона. Со оваа победа, екипата на Ханси Флик се одвои на врвот на табелата со предност од шест бода пред составот на Карло Анчелоти.

По натпреварот, Ханси Флик истакна дека му е мило што тимот им подари голема победа на навивачите, но не го засега што со тоа е спречен нов рекорд на Реал Мадрид.

„Како го доживувам овој момент? Овде не се работи за мене. Јас не сум важен, важен е тимот, важни се клубот и навивачите. Многу сме среќни и сега мислиме на навивачите кои го заслужија ова. Денеска направивме голем чекор, игравме против клуб кој се смета за еден од најдобрите во светот и има врвни играчи. Се браневме одлично и тоа беше клучно. Покрај тоа, ги искористивме шансите. Не е лесно да се постигнат четири гола во Мадрид, но успеавме.“

„Мораме вака да продолжиме, чекор по чекор. Како што работевме досега, ќе продолжиме и понатаму. Следниот натпревар е против Еспањол. Тимот треба добро да се одмори и потоа ќе се подготвиме за таа средба. Што им реков на играчите на полувремето? Требаше да го промениме начинот на кој вршиме притисок. Исто така, во второто полувреме имавме подобра контрола на топката. Направивме една замена и им објаснив како треба да се бранат.“

„Многу сум среќен за Ињаки Пења, тој го заслужува ова. Секој пат кога ќе ја зачувате мрежата чиста, тоа е важно за целиот тим. Мораме да им дадеме уште поголема самодоверба на играчите, видовме што можат. Сега слават во соблекувалната, и тоа е навистина убаво да се види. Го спречивме Реал Мадрид да постави рекорд по непоразеност? Тоа не ме интересира, јас се фокусирам на моите играчи и на нашиот план за игра“, заклучи Флик.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови