Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, имаше измешани чувства по ремито 1-1 со Фенербахче. Според него, овој освоен бод не е толку лош резултат, но од друга страна, тој би претпочитал неговиот тим да победи, особено со оглед на тоа што тие први го отворија резултатот.
„Одигравме две тешки гостувања. Секако, кога си во водство, не треба да дозволиш да дојде до изедначување. Имавме шанси за втор гол. Разочаран сум што не победивме“ изјави Тен Хаг.
„Фенербахче е добар тим со одлични фанови и многу добри играчи. Излезе убав натпревар. Требаше подобро да ја контролираме топката во првото полувреме. Мораше да постигнеме уште голови, но ако сме искрени, и тие имаа добри шанси. Ни создадоа доста проблеми. Тие се добар тим со одличен тренер. Овој бод не е лош, но би претпочитале да победиме. Нашата цел е да победуваме на секој натпревар“, додаде Холанѓанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













