Рома ја забележа својата прва победа во Лига Европа оваа сезона, совладувајќи го Динамо Киев со 1-0 на домашен терен. Артем Довбик го постигна единствениот гол од пенал во 24. минута.
Ајнтрахт Франкфурт исто така извојува тесна победа од 1-0 против РФС Рига, со голот на Хуго Ларсон во 79. минута.
Ајакс убедливо го совлада Карабах на гостувањето во Азербејџан, победувајќи со 3-0. Стрелци за холандскиот тим беа Тејлор, Вегорст и Акпом, додека противникот заврши со двајца играчи помалку поради црвени картони.
ПАОК и Плзен одиграа возбудлив натпревар на „Тумба“, кој заврши 2-2, додека Ференцварош ја победи Ница со 1-0, благодарение на автоголот на Бомбито.
Реал Сосиедад забележа победа од 1-2 против Макаби Тел Авив, а Митјиланд победи против Унион Сен Жил со 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













