
Шкендија имаше најлесна задача во осминафиналето на Купот на Македонија. Во Тетово пристигна третолигашот Шкендија Арачиново, кој не успеа да направи нова сензација, откако во минатата рунда го елиминираше Работнички.
Шкендија славеше со 1-0 и обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот. Фитон Адеми беше стрелец на победничкиот гол во 73.минута.
На Националната арена „Тодор Проески“ се сретнаа Вардар и Тиквеш. На крајот славеше најтрофејниот клуб со 2-0. Дианеси во 75.минута го отвори резултатот, а во судиското продолжение беше потврден триумфот и со втор гол на Дианеси.
Гостивар со нов тренер ја пречека Брегалница и славеше со 1-0 со голот на Иван Ивановски, а Пелистер на домашен терен е елиминиран од Детонит Плачковица. По регуларниот тек беше 1-1, а гостите славеа по изведување пенали.
Шампионот Струга Трим Лум ја победи Македонија ЃП со 2-0 со головите на Таири и на Кехинде, а во Кратово имаше интерес дуел меѓу Силекс и Шкупи во кој се изведуваа пенали. На крајот поуспешни беа фудбалерите на Силекс кои победија со 4-3.
Аресими со 3-1 го елиминира прволигашот Воска Спорт.
ОСМИНАФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА – РЕЗУЛТАТИ
БРЕРА – БЕСА 2-0
ВАРДАР – ТИКВЕШ 2-0
ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА 1-0
ПЕЛИСТЕР – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 1-1 (2-4 пен.)
ШКЕНДИЈА – ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО 1-0
СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
СИЛЕКС – ШКУПИ 0-0 (4-3 на пен.)
АРЕСИМИ – ВОСКА СПОРТ 3-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
