Connect with us

Куп: Лесна задача за Шкендија, Вардар на нов дуел со Тиквеш

Шкендија има најлесна задача во осминафиналето на Купот на Македонија. Во Тетово ќе пристигне третолигашот Шкендија Арачиново, кој во минатата рунда го елиминираше Работнички. Тоа сепак треба да биде аларм и за тимот на Јетон Беќири дека треба максимално сериозно да го сфатат овој дуел.


Фокусот е кон Националната арена „Тодор Проески“ каде ќе се сретнат Вардар и Тиквеш. По меѓусебните обвинувања за прекинатиот натпревар во Кавадарци, кога на Тиквеш не му беше признат гол поради офсајд ситуација, а беше нападнат помошниот судија Гоце Петрески, имаше и „медиумски дуел“ меѓу двата клуба. Сега повторно ќе ги одмерат силите на теренот во Купот на Македонија.


Вардар е во резултатска криза, а и на Тиквеш оваа сезона му почна многу полошо од очекувањата.
Гостивар со нов тренер ќе игра против Брегалница, а Пелистер на домашен терен ќе го пречека Детонит Плачковица.


Шампионот Струга Трим Лум ќе се сретне со второлигашот Македонија ЃП, а во Кратово ќе има интерес дуел меѓу Силекс и Шкупи.

ДВОЈКИ, ОСМИНАФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА (14 часот)

БРЕРА – БЕСА
ВАРДАР – ТИКВЕШ
ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА
ПЕЛИСТЕР – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
ШКЕНДИЈА – ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО
СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП
СИЛЕКС – ШКУПИ
АРЕСИМИ – ВОСКА СПОРТ

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови