На најтрофејниот македонски клуб Вардар очајно му се потребни бодови, а денееска ќе се обиде да ги освои на гостувањето кај Беса во Гостивар.
Офанзивниот играч за врска Горан Закариќ вели дека тимот е подготвен за голема борба и се надева дека ќе успее да стигне до успех.
„Нè очекува тежок натпревар. Свесни сме дека не ја стартувавме сезоната онака како што очекувавме, меѓутоа сигурен сум дека ако излеземе на теренот и го дадеме својот максимум резлтатот нема да изостане. Репрезентативната пауза ја искористивме за да подобриме одредени сегменти од играта. Работевме напорно следејќи ги инструкциите на тренерот Захариевски. Знам дека навивачите и луѓето кои го сакаат Вардар не се задоволни. Сепак, нивната поддршка навистина ни значи многу и искрено од срце се надевам дека ќе ја имаме и понатаму на следните натпревари“, изјави Закариќ.
На Националната арена ќе има дуел на досега непоразените Работнички и Гостивар, а Шкендија ќе се сретне со Тиквеш,
Шампионот Струга Трим Лум го пречекува Силекс, а Брера е домаќин на Воска Спорт.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 10. КОЛО (денеска, 14 часот)
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС
БЕСА – ВАРДАР
БРЕРА – ВОСКА СПОРТ
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













