
Работнички е лидер на табелата, а Гостивар има аспирации за шампионската титула. Двете непоразени екипи денеска ќе имаат директна пресметка на Националната арена „Тодор Проески“ во дербито на десеттото коло од Првата фудбалска лига.
„Романтичарите“ ги изненадија сите со одличните игри и резултати во првиот дел од сезоната.
Крилниот напаѓач Атдхе Мазари вели дека сакаат да продолжат во ист стил и по репрезентативната пауза.
„Не очекува дерби натпревар на двете досега непоразени екипи. Секако, ние би сакале да останеме непоразени и по дуелот со Гостивар и да го задржиме првото место на табелата. Одлично работевме во текот на репрезентативната пауза и максимално сме мотивирани да продолжиме таму каде што застанавме претходно. Атмосферата во тимот е на ниво, веруваме во нашиот квалитет и посакуваме триумф. Секако, имаме и максимален респект за противникот“, изјави Атдхе Мазари.
Шкендија ќе игра против Тиквеш и сака три бода, а интересно ќе биде и во Струга каде шампионот Струга Трим Лум ќе се сретне со Силекс.
Вардар има тешко гостување во Гостивар против Беса, а Брера на домашен терен ја пречекува Воска Спорт.
Пелистер во Битола ќе биде домаќин на Шкупи.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 10. КОЛО (14 часот)
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС
БЕСА – ВАРДАР
БРЕРА – ВОСКА СПОРТ
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski