Иднината на Душан Влаховиќ во Јувентус останува под знак прашалник, пишува „Кориере дело Спорт“. Клубот од Торино може да го продаде напаѓачот по крајот на сезоната, доколку тој не го обнови својот договор, информира изданието.
Договорот на 24-годишниот фудбалер со „бјанконерите“ истекува на крајот од сезоната 2025/26. Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли, изјави дека преговорите за иднината на Влаховиќ најверојатно ќе се одржат во декември.
Платата на напаѓачот пред оданочување изнесува 24 милиони евра годишно и тоа се чини дека е преголем товар за Јувентус. Во седум натпревари оваа сезона во Серија А, српскиот репрезентативец има постигнато пет гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













