
Меѓународната фудбалска организација (ФИФА) го казни играчот на Комо, Марко Курто, со десет натпревари суспензија поради расистички навреди. Инцидентот се случил во средината на јули, за време на пријателски натпревар меѓу англискиот премиерлигаш Вулверхемптон и италијанскиот тим Комо, кога Курто вербално го навредувал јужнокорејскиот фудбалер Хванг Хи-Чан.
Комо сметаше дека инцидентот е „пренапумпан“, а портпаролот на клубот пренесе дека Курто, во разговор со соиграч, го нарекол Хванг „Џеки Чен“, славниот хонгконшки актер познат по своите акциони сцени. По натпреварот, Вулверхемптон поднел жалба до Европската фудбалска организација (УЕФА), но организацијата соопштила дека е немоќна да преземе било какви мерки бидејќи натпреварот не бил под нејзина надлежност.
Потоа, случајот бил пријавен до ФИФА од страна на Јужнокорејската фудбалска федерација.
ФИФА во своето соопштение наведе дека Марко Курто е прогласен за виновен и одговорен, па ќе биде казнет со десет натпревари суспензија поради расна дискриминација. Половина од казната е условна во период од две години, а на играчот му е наложено и да извршува општествено корисна работа, како и да посети едукативни програми.
По летните подготовки, Курто, како играч на Комо, беше позајмен во второлигашот Чезена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
