
Фудбалската федерација на Македонија информираше дека утре стартува продажбата на билетите за натпреварот на младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година против Молдавија кој се игра на 11 октомври, на тренинг центарот „Петар Милошевски” со почеток од 14 часот.
Продажбата на билетите за натпреварот Македонија – Молдавија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на МКTickets.
На денот на натпреварот, карти ќе може да се купат на пултот на административната зграда на ФФМ. Цената на билетите ќе изнесува 100 денари.
Продажни места:
ЛитератураМК East Gate Mall
ЛитератураМК Skopje City Mall
ЛитератураМК Улица Македонија
ЛитератураМК Diamond Mall
ЛитератураМК ТЦ Буњаковец
Туристичка агенција ЈК Травел ТЦ Бисер
Бензиска пумпа Макпетрол Влае
Бензиска пумпа Макпетрол Козле
Бензиска пумпа Макпетрол Илинденска

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина

Евро-фудбал
Роналдо блескаше за Португалија
