Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, го изрази своето разочарување од настапот на неговиот тим во гостувањето против Ница, кое заврши со резултат 1-1. Парижаните се наоѓаат на второто место во Лига 1, со две бода помалку од лидерот Монако.
„Направивме необично многу грешки. Грешевме во основните додавања. Не го покажавме нивото на кое обично играме. На полувремето сакав да направам пет замени, но на крајот направив само една“, изјави шпанскиот стратег.
Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, исто така не го криеше своето незадоволство од ремито со Ница.
„Првото полувреме не се одвиваше добро, мора да играме подобро. Потребно е да додадеме уште нешто, што е многу важно. Игравме подобро во второто полувреме. Многу ми е жал што примивме уште еден гол, треба да бидеме поагресивни. Критиките не ме засегаат, подготвен сум за нив“, изјави голманот на ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













