
Давид де Хеа се истакна со извонредна игра за Фиорентина, при што вечерва во Фиренца успеа да одбрани два пенали против Милан и да го води својот тим до победа од 2-1.
Иако и голманот на Милан, Мејк Мењан, одбрани еден пенал во возбудливиот натпревар, на крајот „росонерите“ заминаа дома без освоен бод.
Фиорентина имаше можност да поведе во 22. минута преку Моисе Кин, но Мењан успеа да го запре неговиот удар од белата точка. Сепак, во 35. минута Јасин Адли ја искористи шансата и ја доведе Фиорентина во водство.
Во самиот финиш на првото полувреме, Давид де Хеа го одбрани пеналот на Тео Хернандез и му донесе дополнителна самодоверба на својот тим.
Во вториот дел, Де Хеа повторно беше јунак за Фиорентина, одбрани удар од 11 метри на Тами Ејбрахам во 56. минута. Иако четири минути подоцна, Кристијан Пулишиќ успеа да го израмни резултатот со гол од игра, Фиорентина не се откажа.
Алберт Гудмундсон го награди својот тим за вложениот труд и постигна победнички гол во 73. минута, со што Фиорентина извојува важна победа над Милан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski