Реал Мадрид може да го забрза трансферот на дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александeр-Арнолд, поради сериозната повреда на Дани Карвахал, пишува каталонскиот „Спорт“. Десниот бек ги скина лигаментите на десното колено и нема да игра до крајот на сезоната.
„Кралевите“ имаат сериозен проблем во одбраната, каде што единствена алтернатива за Карвахал е ветеранот Лукас Васкез. Дополнително, во централниот дел на одбраната исто така има недостаток на опции, при што многу често Аурелиен Чуамени е пренаменет како централен дефанзивец.
Реал Мадрид подолго време покажува интерес за Александер-Арнолд, но првично планираше да го донесе на слободен трансфер следното лето, кога истекува неговиот договор со „црвените“. Сепак, трансферот на англискиот репрезентативец би можел да се реализира уште во зимскиот преоден рок.
Трент Александер-Арнолд не успева да постигне договор со Ливерпул за продолжување на актуелната соработка, што ја зголемува веројатноста тој да го напушти „Енфилд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













