Connect with us

Заврши сезоната за Дани Карвахал, играчот на Реал ги скина предните вкрстени лигаменти

Сериозната повреда на коленото на Дани Карвахал го расипа расположението на сите навивачи на Реал Мадрид на крајот од натпреварот против Вилјареал. „Кралевите“ победија со 2-0 на „Сантијаго Бернабеу“, но резултатот остана во втор план поради инцидентот во последните минути од натпреварот. Карвахал влезе во дуел за топката со Жереми Пино од гостинскиот тим и ја заглави својата нога, а откако падна на тревата, почна да вреска од болка.

Десниот бек се обиде да стане и да го напушти теренот сам, но не успеа, а од очите му течеа солзи. Тој беше изнесен на носилки, а потоа итната помош го однесе во мадридска болница на детални испитувања. Еден дел од нив беа направени доцна синоќа, по што самиот фудбалер потврди дека има скинати лигаменти на коленото.

„Сериозна повреда на вкрстените лигаменти. Ме очекува операција и веќе немам трпение да започнам со рехабилитацијата и да се вратам на теренот како ѕвер“, напиша Карвахал на својот профил на Инстаграм.

„Многу ви благодарам на сите за пораките, се чувствувам навистина сакан“, додаде десниот бек.

Уште пред да се потврди дијагнозата, од Реал Мадрид беа песимистички настроени и стравуваа дека Карвахал ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на сезоната.

„Повредата изгледа сериозна. Сите во соблекувалната се тажни. Вакви работи се случуваат со ваков напорен календар. Дани е исклучително важен играч за нас. Накратко разговарав со него, тој е растроен и многу разочаран. Ќе видиме што ќе кажат докторите. Следуваат дополнителни прегледи и дури тогаш ќе имаме детална слика“, изјави тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти на прес-конференцијата по натпреварот.

Џуд Белингам и авторот на еден од головите против Вилјареал, Федерико Валверде, признаа пред камерите дека се многу загрижени за состојбата на нивниот соиграч. Други ги искористија социјалните мрежи за да му посакаат брзо закрепнување на Карвахал.

Винисиус Жуниор, исто така, има повреда по вчерашниот натпревар. Тој почувствувал болка во десното рамо и не е исклучено да отпадне од составот на Бразил за претстојните светски квалификации.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови