Баер Леверкузен влезе како голем фаворит во дуелот против Холштајн Кил на домашен терен, но на крајот мораше да се задоволи само со бопд. Тимот на Чаби Алонсо брзо дојде до предност од 2-0 уште по првите осум минути. Бонифејс го отвори резултатот во четвртата минута, а Хофман ја зголеми разликата во осмата минута.
Изгледаше дека гостите ќе претрпат тежок пораз, но Холштајн Кил успеа да се врати во игра. Гешвил намали на 2-1 во последните моменти од првото полувреме, а Јан-Фите Арп во 69. минута израмни од пенал. Леверкузен не успеа да постигне уште еден гол и мечот заврши нерешено, 2-2.
Во другите натпревари, Борусија Дортмунд загуби на гостувањето кај Унион Берлин со 2-1. Стрелци за домаќините беа Вогт и Вертесен, додека Риерсон го постигна единствениот гол за Борусија.
Волфсбург забележа победа од 1-3 на гости против Бохум, а Фрајбург исто така славеше на гостински терен со 0-1 против Вердер Бремен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













