
Наполи ја оствари својата петта победа во Серија А оваа сезона и ја зацврсти лидерската позиција на табелата со вкупно 16 бодови. Екипата на Антонио Конте славеше на домашен терен со победа од 3-1 против Комо.
Скот Мектоминеј донесе предност за Наполи со гол уште во првите 27 секунди од мечот. Комо успеа да израмни благодарение на погодокот на Габриел Стрефеца во 43. минута.
Сепак, Наполи не дозволи да загуби бодови на својот стадион. Ромелу Лукаку реализираше пенал во 53. минута за повторно водство, а триумфот го осигура Давид Нерес со својот прв гол во италијанскиот шампионат.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
