
Хулијан Алварез оваа година го натера Манчестер Сити да го продаде на Атлетико Мадрид, но на Аргентинецот засега не му цветаат рози и во новиот клуб.
Според доверливи извори од Аргентина, блиски до нивниот репрезентативец, Алварез е разочаран бидејќи и во Атлетико никако не може да игра на својата позиција – централен напаѓач.
Во досегашните осум натпревари, Хулијан Алварез само двапати настапи како напаѓач.
Алварез има одиграно осум натпревари во Ла Лига и два во Лигата на шампионите, при што постигна два гола.
Диего Симеоне сака да импровизира во нападот со формацијата 3-5-2, а тука се и другите имиња во тимот како Александер Сорлот, Антоан Гризман и Анхел Кореа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski