Поранешниот тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел, е водечки кандидат за нов менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, објавуваат медиумите на Островот.
„Црвените ѓаволи“ го гледаат Тухел како решение за излез од кризата. Се истакнува дека 51-годишниот германски стратег е подготвен да се врати во Премиер – лигата. Тој исто така смета дека англискиот фудбал совршено одговара на неговата тренерска филозофија.
Тухел го напушти Баерн Минхен на крајот од сезоната 2023/24 и моментно е без ангажман. Претходно беше тренер на Челси, ПСЖ и на Борусија Дортмунд.
Ерик тен Хаг го води Манчестер Јунајтед од летото 2022 година. Оваа сезона тимот се наоѓа на 13. место на табелата во Премиер – лигата со седум бода од шест натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













