
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, беше задоволен од победата (2-0) над Болоња во Лигата на шампионите. Тој призна дека успехот не дошол лесно и изјави дека не може да каже дека е воодушевен од она што го видел на теренот.
„Според мене, не беше лесна победа. Болоња ни создаде многу потешкотии. Тие играат пресинг преку цел терен, па моравме да го дочекаме вистинскиот момент, бидејќи ако го пропуштиме, остануваме отворени. Се бореа напорно за да ја задржат мрежата недопрена, но и ние имавме потреба од важни интервенции на нашиот голман во неколку наврати. Постигнавме два многу добри гола, особено вториот. Тешко е да се игра против тим кој презема толку многу ризици и постојано врши притисок. Генерално, ова е добар резултат, но не би рекол дека сум воодушевен“, изјави Слот.
Тој посебно го пофали настапот на Рајан Гравенберх.
„По натпреварот му реков – Повторно одличен настап. Тој навистина играше одлично. Кога имаш играч кој може да се ослободи од својот директен чувар, тоа веднаш ти дава предност во ваков натпревар. Рајан повторно беше неверојатен“, потенцира Холанѓанецот.
„Се виде дека Болоња имаше добар план за натпреварот со јасна идеја за фудбалот. Тие не престанаа да ја изнесуваат топката од одбраната, а кога играш против тим кој комфорно ја поседува топката, понекогаш мораш да трпиш и да работиш напорно. Нашите дефанзивци се фрлаа пред голот и направија сè што е можно за да ја задржиме мрежата чиста“, додаде менаџерот на Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
