
Фудбалерот на Јувентус, Аркадиуш Милик, денес беше подложен на нова операција на левото колено, соопшти клубот од Торино.
„Аркадиуш Милик беше подложен на артроскопска интервенција на менискусот на левото колено. По завршувањето на контролите ќе биде познато колку време ќе му биде потребно за опоравување“, се наведува во соопштението на официјалната веб-страница на клубот.
Милик се повреди во јуни за време на пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Полска и Украина за Европското првенство. Тогаш беше подложен на операција и не можеше да игра на турнирот во Германија.
Милик во август 2022 година прејде од Олимпик Марсеј во Јувентус прво на позајмица, а од минатата година и со комплетен трансфер. За „црно-белите“ од Торино одигра 75 натпревари и постигна 17 гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
