Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Oсман Дембеле, јавно му се извини на својот тренер Луис Енрике и е вратен во тимот. Дембеле беше отстранет од првиот тим и го пропушти гостувањето на ПСЖ против Арсенал во Лигата на шампионите. „Tопчиите“ победија со 2-0 на „Емирати“.
Часови пред натпреварот во Англија, Луис Енрике одлучи да го исфрли Дембеле од составот, откако двајцата влегоа во жестока расправија по натпреварот во француското првенство против Рен. Според различни извори, расправијата меѓу нив била многу сериозна, што го навело тренерот да ја донесе одлуката да ја изостави една од најголемите ѕвезди на тимот.
По вчерашниот пораз од Арсенал, Дембеле му се извинил на Луис Енрике, кој го вратил во групата. Се очекува Дембеле да биде дел од составот на ПСЖ за следниот натпревар против Ница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













