Поранешниот спортски директор на Баерн Минхен, Михаел Решке, изјави дека германскиот фудбалски феномен Флоријан Вирц ќе стане нов играч на Реал Мадрид веќе следното лето.
Вирц, кој е еден од најдобрите млади фудбалери во светот, игра фантастичен фудбал за Баер Леверкузен и го привлече вниманието на најдобрите клубови во Европа.
Во редот за неговиот потпис се наоѓаат Арсенал, Баерн Минхен и Манчестер Сити, но според зборовите на Решке, Вирц ќе се приклучи на Реал Мадрид. Тој верува дека 21-годишниот играч не е заинтересиран за трансфер во Баерн, бидејќи размислува само за „кралскиот клуб“.
Решке додава дека Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид, ќе биде заменет со Чаби Алонсо, кој моментално го води Баер Леверкузен. Доколку Алонсо го преземе кормилото на Реал Мадрид, тој ќе се обиде да го доведе Вирц во Мадрид, бидејќи тие двајца веќе имаат изградено силна релација во Леверкузен.
Флоријан Вирц ја започна својата кариера во младинската академија на Келн, а во 2020 година се приклучи на Баер Леверкузен, каде брзо стана една од најголемите ѕвезди на тимот и на германскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













