
Фудбалската репрезентација на Македонија во октомвриската сесија од Лигата на нации ја очекуваат дуели со Летонија и со Ерменија. Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на 25 фудбалери на кои смета за овие два меча и се надева дека Македонија ќе остане на првата позиција на табелата и по овие две гостувања.

„За жал, повторно имаме повреди кои беа непланирани. Трапановски нема да игра поради повреда на тренинг. Ќе мора да паузира четири до шест седмици. Се надевам Трајковски ќе биде фит и ќе ни биде на располагање. За жал Дарко Велковски нема клуб и жалам што не е во посакуваната форма. Не сум задоволен од статусот на Елези во тимот на Бохум. Тој е професионалец и ќе даде сè од себе да се наметне во клубот. Потребен ни е таков играч, беше со нас на минатите собир. Имавме проблеми со дефанзивата, особено со жолти картони и поради тоа е повикан Стојчевски“, објасни селекторот Благоја Милевски.
Амбициите се јасни, Македонија да го задржи првото место на табелата и по двата октомвриски натпревари.
„Македонија се прашува за изгледот на табелата во оваа Лига на нации. Ќе бидеме задоволни ако и по овој собир бидеме на првото место, каде што сме сега“, изјави Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Понуда од Катар за Лука Модриќ

Евро-фудбал
Нов гол за Елиф Елмас, реми за Торино
