
Арсенал и Пари Сен Жермен одиграа интересен натпревар на „Емирати“, а на крајот тимот на Микел Артета славеше со 2-0. Каи Хаверц го отвори резултатот, а Букајо Сака во 35.минута го удвои водството.
Интер ја пречека Црвена Звезда во Милано и на крајот успеа да слави со 4-0. Чалханоглу во 11.минута постигна одличен гол од слободен удар, а Марко Арнаутовиќ зголеми на 2-0. Лаутаро Мартинез беше стрелец на третиот гол, а Тареми до крајот реализираше и пенал.
Барселона имаше релативно лесна задача против Јанг Бојс, а составот на Ханси Флик одговори соодветно и победи со 5-0. Левандовски беше двоен стрелец, погодија и Рафиња и Ињиго Мартинез, а швајцарскиот тим си постигна и автогол.
Манчестер Сити имаше лесно гостување во Братислава и го победи Слован со 0-4. Гундоган и Фоден брзо донесоа два гола предност, а во второто полувреме стрелаа и Халанд и МекАти.
Баер Леверкузен беше домаќин на Милан. Германскиот првак стигна до значаен триумф од 1-0. Виктор Бонифејс донесе победа со голот во 51.минута.
Борусија Дортмунд на домашен терен го декласира Селтик со 7-1, хет-трик постигна Адејеми, а ПСВ Ајндховен и Спортинг Лисабон одиграа 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
