Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ ја одбил понудата од Јувентус за продолжување на соработката. Влаховиќ и неговите агенти не се согласиле на понудата од осум милиони евра по сезона.
Влаховиќ одлучил да ја одбие понудата од торинскиот клуб за нов договор, барајќи најмалку 10 милиони евра по сезона. Тековно е поврзан со Јувентус до летото 2026 година, а често се шпекулира за негово заминување од клубот, што сега станува уште веројатно.
Според информациите, преговорите меѓу „бјанконерите“ и српскиот напаѓач за нов договор пропаднаа, бидејќи клубот смета дека 10 милиони се премногу за нов договор. Сепак, преговорите ќе продолжат во наредниот период за да се реши ситуацијата.
Постојат опции дека ова може да биде последна сезона за Влаховиќ во Торино. По одбивањето на новиот договор, многу работи би можеле да се променат и Душан би можел да стане поранешен член на клубот.
Арсенал ја разгледува ситуацијата за испраќање понуда за Влаховиќ, а менаџерот Микел Артета го гледа како идеално решение за својот напад. Арсенал може да понуди поголема сума, што може да биде клучно во овие преговори.
Влаховиќ добро ја започна новата сезона, со четири голови и една асистенција во седум настапи за Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













