
Шкендија покажа доминација на дуелот со Вардар, постигна четири гола, а ако реализираше уште еден од шансите, можеше да биде и поубедливо. Јетон Беќири вели дека не треба посебно да ги мотивира фудбалерите да играат против Вардар, но тие прикажаа одличен фудбал.
Убедливата победа му го донесе и на Јетон Беќири водечкото место во изборот за најдобар тренер во осмото коло од Првата лига, иако имаше сериозна конкуренција и во Горан Станиќ (Работнички) и Горазд Михајлов (Брера).
МАКФУДБАЛ го избра Јетон Беќири за најдобар тренер во ова коло. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
