Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Oсман Дембеле, е исклучен од тимот за претстојниот натпревар против Арсенал во Лигата на шампионите поради недисциплина.
Според информациите на „Л’Екип“, тренерот Луис Енрике, одлучил да не го вклучи Дембеле во составот за натпреварот против Арсенал во вторник, иако тој не е повреден.
Клубот објави листа на играчи кои конкурираат за натпреварот, а на неа го нема Дембеле.
„Л’Екип“ пренесе дека Луис Енрике и Осман Дембеле имале вербален конфликт по натпреварот на Пари Сен Жермен против Рен (3-1) во петокот, на кој Дембеле асистираше. Извештаите наведуваат дека двајцата биле на брифинг, при што Дембеле бил критикуван за некои одлуки, по што следела бурна дискусија.
Пари Сен Жермен оваа сезона е непоразен во сите натпреварувања. „Светците“ во вторник од 21 часот играат во Лондон против Арсенал, во натпревар од второто коло на Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













