
Работнички веќе не е само пријатно изненадување, туку тим кој има капацитет да се бори за највисок пласман во Првата лига. И што е уште поважно за Горан Станиќ, на секој нареден натпревар има некој друг фудбалер кој блеснува и дава значаен придонес во тимскиот успех.
На мечот против Шкупи блескаше крилниот напаѓач Али Регба. Беше незадржлив за одбраната на Шкупи, го постигна првиот гол, но уште поимпресивен беше неговиот ефект при вториот гол на Работнички. Ја собра топката во своето поле, по левата страна мина као брз воз, ги претрча сите фудбалери на противникот, уфрли во средината каде Пинтер си постигна автогол.
МАКФУДБАЛ го избра Али Регба за најдобар играч на 8.коло во Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
