Connect with us

Содик: Работнички посакува три бода од пресметката со Шкупи

Работнички на Националната арена ќе го пречека составот на Шкупи. „Романтичарите“ се еден од двата непоразени тимови во првенството, заедно со Гостивар. Според ставот на дефанзивецот Рапид Содик, не само што планираат да останат непоразени и денеска, туку и да го победат тимот на Шкупи. Ова е еден од најинтересните натпревари од осмото коло во Првата фудбалска лига и се игра од 14 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

„Пред нас е еден дерби натпревар, но ние сме подготвени и ќе дадеме и повеќе од максимум за да го поразиме Шкупи. Искрено, размислуваме само за трите бода, иако знаеме дека за противник имаме еден исклучително силен тим. Но, се наоѓаме во добра форма, нашата самодоверба е на високо ниво и веруваме дека можеме да стигнеме до триумф. Секако, за тоа ќе треба максимална посветеност и концентрација на највисоко ниво во текот на целиот меч“, изјави стоперот на Работнички, Рашид Содик.

Вардар има тешка мисија, гостува во Тетово и ќе се сретне со Шкендија, која во претходното коло загуби од Гостивар. Тетовци сигурно ќе сакаат да се вратат на победите, а и тимот на Срѓан Захариевски гледа начин како да освои бодови, затоа што во минатото коло загуби од Силекс дома.

Шампионот Струга ТЛ не ја почна најдобро оваа сезона, а денеска има нов голем предизвик. Во Струга гостува лидерот, тимот на Гостивар кој досега е без пораз во шампионатот.

Тиквеш поради суспензијата на теренот ќе биде домаќин на Силекс во Кичево, а во Струмица, Брера ќе игра против Пелистер.
Во Гостивар има исто така интересен дуел, Беса ќе се сретне со Воска Спорт.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 8. КОЛО (14 ЧАСОТ)

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР

СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР

БЕСА – ВОСКА СПОРТ

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

БРЕРА – ПЕЛИСТЕР

ТИКВЕШ – СИЛЕКС

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови