Вардар денеска (14 часот) има тешка мисија, гостува во Тетово и ќе се сретне со Шкендија, која во претходното коло загуби од Гостивар. Тетовци сигурно ќе сакаат да се вратат на победите, а и тимот на Срѓан Захариевски гледа начин како да освои бодови, затоа што во минатото коло загуби од Силекс дома.
Традицијата е против Вардар, кој нема победа против Шкендија на последните 18 меѓусебни натпревари. Последниот триумф на вардарци е во 2017 година, пред цели седум години.
Шкендија е мотивирана и се надева на триумф.
„Многу важен натпревар за нас и го чекаме во добра атмосфера. Очекуваме да победиме. Знаеме сите колку е ова важен меч за нас. Знаеме дека публиката ќе биде многубројна и дека ќе имаме силна поддршка. Тимот е психолошки подготвен да реагира. Знаеме како да се вратиме од вакви ситуации. Против Гостивар имавме лош ден, но и среќата не беше на наша страна. Сега сакаме да се вратиме на победите“, изјави Клисман Цаке, фудбалерот на Шкендија.
Шампионот Струга ТЛ не ја почна најдобро оваа сезона, а денеска има нов голем предизвик. Во Струга гостува лидерот, тимот на Гостивар кој досега е без пораз во шампионатот.
Работнички на Националната арена ќе го пречека составот на Шкупи. „Романтичарите“ се вториот непоразен тим во првенството, заедно со Гостивар.
Тиквеш поради суспензијата на теренот ќе биде домаќин на Силекс во Кичево, а во Струмица, Брера ќе игра против Пелистер.
Во Гостивар има исто така интересен дуел, Беса ќе се сретне со Воска Спорт.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 8. КОЛО (14 ЧАСОТ)
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР
БЕСА – ВОСКА СПОРТ
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
БРЕРА – ПЕЛИСТЕР
ТИКВЕШ – СИЛЕКС
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski