Connect with us

Флик: Моравме да ротираме, јас ја преземам вината за овој пораз на Барселона

Фудбалерите на Барселона го забележаа првиот пораз оваа сезона, откако загубија во Памплона од Осасуна со 4-2.

Ханси Флик објективно претера со ротацијата, имајќи премногу доверба во голем број играчи од Барселона Б и тоа му се одби од глава. Во почетниот состав беа Ињаки Пења, Серхи Домингез, Жерар Мартин, а на клупата останаа и Рафиња, Ламин Јамал и Ињиго Мартинез, играчи кои досега беа носители на тимот оваа сезона, што резултираше со негативен исход.

Ханси Флик призна дека немал многу опции и дека морал да ги заштити од преоптоварување и потенцијални повреди некои од играчите.

„Мораме да го прифатиме поразот, бидејќи не одигравме добро. Ако мора да обвините некого, обвинете ме мене. Јас направив грешки и тоа е целосно моја одговорност. Мора да ги заштитам играчите, бидејќи некои одиграа премногу натпревари. Некои играчи беа чувствуваа замор и им беше потребен одмор. Но, не очекував да одиграме вака. Му кажав на тимот дека мораме да продолжиме, имаме натпревар на секои три дена и на добар пат сме“, изјави Германецот.

Тој најави подобри денови по октомвриската пауза, кога се враќаат Дани Олмо, Фермин Лопез, а конечно и Френки де Јонг и Гави.

„Ако го погледнете нашиот тим во овој момент, имаме тројца играчи за средниот ред и еден дефанзивец, Ерик Гарсија, кој се адаптираше на таа позиција. Мораме тоа да го прифатиме, нема изговори. По октомвриската пауза ќе имаме повеќе опции. Сега мора да ротираат, иако немаше многу решенија. Направивме многу грешки, а Осасуна го искористи тоа. Сметам дека и со овој состав можевме да одиграме подобро“, рече Флик.

Контроверзна беше ситуацијата и при вториот гол на Осасуна, кога Пау Виктор беше фаулиран, но ВАР не реагираше. Иако Флик не сакаше да го коментира судењето, социјалните мрежи „зовреа“.

„Мислам дека имаше фаул за нас при нивниот втор гол, не сум целосно сигурен бидејќи не ја погледнав ситуацијата, но така слушнав. Не е моја работа да ги коментирам судиите“, изјави Флик.

Освен тоа, капитенот Педри по натпреварот исто така јавно изјави дека судијата не досудил чист пенал поради повлекувањето на Ламин Јамал, на сличен начин на кој на Реал Мадрид неодамна им беше доделен пенал за повлекување надвор од шеснаесетникот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови