Connect with us

Интер триумфираше против Удинезе (ВИДЕО)

Интер се врати на победничките патеки во Серија А, откако славеше на гостувањето кај Удинезе со 2-3. По два меча без триумф, тимот на Симоне Инзаги стигна до важна победа во Удине.

Фратези донесе предност на „нероаѕурите“ уште во првата, но Кабаселе израмни на 1-1 во 35. минута. Сепак, Интер замина со предност на пауза благодарение на голот на Лаутаро Мартинез.

Лаутаро Мартинез постигна уште еден гол во 47. минута за 1-3, а конечниот резултат го постави Лука во 83. минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови