Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, изјави дека сите во клубот се многу задоволни од работата на главниот тренер Венсан Компани. По разделбата со Томас Тухел, баварците изненадувачки се одлучија за младиот тренер, под чија палка Барнли испадна од Премиер – лигата. Сепак, Компани започна силно како предводник на Баерн и досега тимот има само победи.
„Кога преговаравме со Компани, тој ни кажа дека сака Баерн да игра убав и напаѓачки фудбал, со многу голови. Сепак, тој нагласи дека не може сè да се случи веднаш. Сигурно ни се допаѓа стилот кој го воведува Венсан“, изјави Хајнер.
„Пријатно е да се гледа играта на тимот. Способни сме да постигнеме и пет или шест голa, дури и кога водиме убедливо. Има конкуренција и секој фудбалер знае дека мора да се труди и да се докажува постојано, да биде активен. Секако, најголемата заслуга за тоа е на тренерот“, додаде Хајнер.
Баерн Минхен денеска на „Алијанц арена“ го пречекува актуелниот шампион Баер Леверкузен во дербито на колото во Бундес-лигата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski