
Одбранбениот играч на Арсенал, Рикардо Калафиори, изјави дека е задоволен од својот трансфер во англискиот гигант и од брзата адаптација на фудбалот во Премиер – лигата.
„Топчиите“ го купија италијанскиот репрезентативец од Болоња за 45 милиони евра, а тој веќе почна да се наметнува како клучен фудбалер во составот на Микел Артета. Во дербито против Манчестер Сити (2-2) го постигна и својот прв гол.
„Можеби е прерано за вакви оценки, но мислам дека оставам добар впечаток. Се приспособив брзо, за што голема заслуга имаат моите соиграчи и луѓето во клубот“, изјави Калафиори за „Раи Уно“.
„Не можам да кажам дека Премиер – лигата е посилна од Серија А, но дефинитивно е различна. Начинот на игра е поинаков, самиот фудбал е поинтензивен. Доаѓањето во Англија беше добар чекор за мојата кариера“, додаде италијанскиот репрезентативец.
„Во националниот тим започнуваме нова ера. Сакаме да го заборавиме тоа што се случило во минатото, да извлечеме поуки од грешките и да не ги повторуваме“, изјави Калафиори.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski