Пеп Гвардиола побара од Микел Артета да престане јавно да ги изнесува навредливите и неосновани шпекулации поврзани со Манчестер Сити и на тој начин да го оцрнува клубот.
Поранешните соработници, денес пријатели, но и големи ривали на тренерските позиции во борбите на Манчестер Сити и Арсенал за трофеите, разменија неколку изјави преку медиумите кои никако не му се допаднале на Гвардиола.
Овие два клуба неодамна играа натпревар од петтото коло во Премиер – лигата, во кој Манчестер Сити поведе со 1-0, а во 98. минута постигна гол за конечни 2-2. И менаџерот на Сити, Гвардиола, и тренерот на Арсенал, Артета, го критикуваа судењето на Мајкл Оливер во натпреварот во кој секој клуб освои по еден бод.
Бурно беше и во свечената ложа, која директорот на Арсенал, Тим Луис, ја напушти без да се ракува со домаќините од Сити, како и по натпреварот, кога Џон Стоунс, стрелецот за конечни 2-2, го обвини Арсенал дека игра „фудбал каков што не играат многу екипи“. Тој објасни дека Арсенал, кој го одигра второто полувреме со играч помалку, правел сè што може за да „краде време“ на натпреварот.
Одговорот на обвинувањата дека Арсенал играл нечесно стигна од Артета, кој изјави:
„Бев во Сити. Бев таму четири години. Имам сè на увид и сè знам. Верувајте ми.“
Овие зборови предизвикаа реакција од Гвардиола, трофејниот тренер на Сити, на кого Артета со години му беше помошник. Тие му засметаа на Гвардиола, бидејќи токму тој му ја даде првата тренерска работа на Артета, а Сити му овозможи да стане тренер на Арсенал кога можеше да му забрани да си замине од „Итихад“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski