
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави дека неговиот тим не успеал да го одржи интензитетот во натпреварот против Твенте (1-1) во Лига Европа.
„Ги држевме во игра, водевме со 1-0, имавме контрола врз натпреварот“, коментира Холанѓанецот. „Требаше да бидеме постојани и да продолжиме и во второто полувреме. Но, ние го намаливме нивото и дозволивме израмнување“, додаде тој.
„Не требаше да се откажеме, бевме обврзани да бараме втор гол, а на тој начин ги оставивме ‘живи’ и не казнија по наша грешка“, смета Тен Хаг.
„Нивниот гол беше тимска грешка, не можеме да дозволиме играч на Твенте да дрибла низ речиси цел терен, без да го сопреме“, сигурен е менаџерот.
„Ова е неприфатливо, не може да се случи да примиме таков гол. Мора да бидеме концентрирани во текот на целиот натпревар, откако поведовме, требаше да бараме втор гол“, повтори Тен Хаг.
Манчестер Јунајтед е домаќин на Тотенхем во натпревар од Премиер – лигата в недела, пред следниот натпревар на тимот во Лига Европа против Порто на 3. октомври.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
