Порто според некои предвидувања е прв фаворит за трофејот во Лигата на Европа, но со пораз го стартуваше новото издание. Португалскиот тим загуби од Бодо/Глимт со 3-2, иако норвешкиот претставник играше и со фудбалер помалку.
Омородион во осмата минута го доведе Порто во водство, но следуваше пресврт до крајот на првиот дел, со головите на Хог и на Хауге.
Jens Petter Hauge.. the one who got away 😪pic.twitter.com/rVAuV3PNwM
— Adam Khan (@XxAdamKhanxX) September 25, 2024
Во второто полувреме Хауге зголеми на 3-1, а конечниот епилог го постави Денис Гул во 90.минута.
АЗ Алкмар го победи Елфсборг со 3-2. Рубен ван Бомел беше стрелец на два гола за домаќинот, а победничкиот гол го постигна Трој Перот од пенал во 74.минута.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski