Connect with us

Тренерот на Алавес категоричен: Ендрик мораше да добие црвен картон (ВИДЕО)

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Ендрик, чудесно избегна исклучување при победата од 3-2 против Алавес во натпреварот од седмото коло на Ла Лига.

Постапката на Бразилецот предизвика сериозна дебата во Шпанија по натпреварот. На социјалните мрежи се појавија видеа од моментот кога Ендрик намерно удира противнички фудбалер.

„Тоа беше чист црвен картон,” категоричен беше тренерот на Алавес, Гарсија Плаза.


„Во последните десет минути требаше да играме против десетмина играчи. Ова беше чист црвен картон, никој не може да го каже спротивното. Ако судијата не го видел, затоа постои ВАР. Можеби добија повеќе жолти картони отколку што требаше, но тоа на Ендрик беше за исклучување”, додаде тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови