Connect with us

Шкупи гостува во Струга, Гостивар сака да го освои Кратово, а интересно ќе биде и во Кавадарци и на Арената

Актуелниот шампион Струга Трим Лум ќе го пречека Шкупи во дерби натпреварот од шестото коло во Првата лига. Дуелите меѓу овие два тима секогаш предизвикуваат голем интерес во Струга, каде досега првакот нема пораз оваа сезона.

Три натпревари, три победи, без примен гол. Тимот на Струга ТЛ има за цел да ја продолжи оваа победничка серија и по овој натпревар, вели тренерот Ќатип Османи.

„Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но мораме да се навикнеме на ваквиот притисок. Без разлика дали играме дома или во гости, нашата цел е секогаш да победиме“, изјави тренерот на стружани, Ќатип Османи.

„Сериозноста и посветеноста се важни фактори за победа, но потребни се и други фактори кои влијаат на резултатот. Како тим, мораме да бидеме подготвени на сите нивоа за овој натпревар. Верувам дека нашите подготовки одат во вистински правец од натпревар во натпревар, иако играме дерби, ние сме подготвени да го добиеме овој дуел“, потенцира Османи.

Силекс во Кратово го пречекува Гостивар, тим кој нема пораз во досегашниот тек од шампионатот.

Работнички исто така е без пораз, го дели првото место со тимот на Шкендија, а денеска на арената „Тодор Проески“ ќе ја пречека Брера.

Во Кавадарци се игра уште еден мошне интересен меч, Тиквеш е домаќин на Вардар. И на двата тима во моментот бодовите им се многу потребни поради слабиот старт на шампионатот.

Шкендија на домашен терен ја пречекува Воска Спорт и е голем фаворит, а Беса која во текот на неделата се раздели со тренерот Александар Таневски во Гостивар ќе се сретне со Пелистер.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 6. КОЛО (15 ЧАСОТ)

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

РАБОТНИЧКИ – БРЕРА

СИЛЕКС – ГОСТИВАР

ТИКВЕШ – ВАРДАР

ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ

БЕСА – ПЕЛИСТЕР

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови