
Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за новото издание во Лигата на нации. Прв предизвик за националниот тим е гостувањето во Торшавн и дуелот со Фарски Острови на 7 септември, а три дена подоцна Македонија ќе игра во Скопје против Ерменија.
Кристијан Трапановски, крилниот напаѓач на Данди Јунајтед, е новото име во репрезентацијата. Сепак, тој вели дека се чувствува како да е “староседелец”.
“Чувствувам дека долго време сум тука, иако прв пат сум со најдобрата репрезентација”, потенцира Трапановски.
“Нашата цел е да бидеме први и да се пласираме во следната фаза во Лига на нации. Нашиот тим е многу поквалитетен од Фарски Острови, теренот и временските услови сметам дека не треба да ни претставуваат проблем. Треба да бидеме со вистински пристап и да ги освоиме трите бода”, истакнува офанзивецот кој игра во одлична форма од почетокот на сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski